МАКФУДБАЛ - ТИМ НА МЕСЕЦОТ !

Заокружен е првиот дел од сезоната, екипите заминаа на заслужен одмор, а останујва период за сумирање на впечатоците. Шкендија е заслужено на врвот, Шкупи и Македонија ЃП се шест чекори во позадина, но се уште во трка за шампионската титула, а Струга Трим Лум можеби и најпријатно изненадување. Вардар, со оглед на условите, можеби и извлече максимум, а подобро можеа Работнички, Силекс, Академија Пандев...    

МАКФУДБАЛ го издвои тимот на месецот кој овојпат се однесува на периодот ноември-декември.


1. ХАДИС ВЕЛИИ (РЕНОВА)
Бранеше одлично, неговите одбрани на некои натпревари беа клучни за „гипсарите“ да тргнат во позитивна серија. 

2. ГОРАН СИЛЈАНОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Откако ја надмина повредата се врати во одличен ритам и даде полн придонес во напредокот на Работнички на табелата. 

3. БЕСАРТ КРИВАЊЕВА (ШКУПИ)
Цврст и стабилен во одбраната, дава сигурност пред голот на Шкупи. 
 
4. КЛИСМАН ЦАКЕ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Одличен во дефанзива, но и многу полезен при излетите во нападот. Постигна неколку прекрасни голови со удари од далечина. 
 
5. БОБИ БОЖИНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Ветеранот игра како момче, креаира, стрела, ја носи на плеќи играта на Македонија ЃП.
 
6. ЛУКА СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ) 
Тој е откритието во Првата лига, блесна со целиот свој сјај во вториот дел од полусезоната. Тркачки подготвен и за Бундес-лига, има само 18 години, а игра зрело, асистира, но и постигнува голови кои носат бодови за Работнички. 

7. МАТЕЈ ЦВЕТАНОВСКИ (ВАРДАР)
Тој е играч од потег и на неколку средби покажа дека е одличен дриблер, умее да погоди во завршница.
 
8. АБДУЛХАДИ ЈАХЈА (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Беше таличен за Струга Трим Лум на два натпревари, постигна победнички голови и значајно придонесе за тимот да се избори за четвртата позиција на табелата.

9. МАРТИН МИРЧЕВСКИ (ВАРДАР)
Влезе во препознатливата форма, брз и недофатлив за противниците, постигна значајни голови за Вардар.   

10. КАЛИД АБДУЛ БАСИТ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Робусниот Калид Абдул Басит е најдобриот потег на раководството на Македонија ЃП. Неговиот ангажман значително го засили составот на „лавовите“, а тој стрела при секоја можност.
   
11. ДЕМБО ДАРБО (ШКУПИ) 
Назадржлив за противничките одбрани. Тој е еден од најголемите адути на Шкупи, секогаш подготвен да казни со погодок. 

ТРЕНЕР НА МЕСЕЦОТ: СРЃАН ЗАХАРИЕВСКИ
Направи одлична работа со Струга Трим Лум, оствари неколку важни победи, против Работнички на домашен терен, против Шкупи на гости, за одлична четврта позиција по есенскиот дел од сезоната. 

  
  
G-G32VEZ5NYJ