Албанецот Бруно Дита - најново засилување на Шкендија

Како и што се најавуваше уште минатиот месец, Шкендија денеска официјално го промовираше едно од најголемите свои засилувања за новата сезона, албанскиот интернационалец Бруно Дита.

27-годишниот Дита, кој доаѓа од редовите на Скендербег од Корча, треба да ја засили средната линија во играта на тетовци. Дита претходно во својата кариера има настапувано и за Динамо Тирана и Беса Каваја во албанскиот шампионат.

Бруно Дита во следните две години ќе го носи црвено-црниот дрес на Шкендија, која претходно во средниот ред се засили и со македонскиот репрезентативец Љупче Дориев од Академија Пандев.
G-G32VEZ5NYJ