Младите „вардарци“ Омерагиќ и Игњатов со двегодишни договори со Хајдук

Вардар пред почетокот на новата сезона загуби уште два огромни таленти на македонскиот фудбал, Азер Омерагиќ и Леонид Игњатов, и двајцата членови на репрезентацијата на Македонија за играчи до 19 години.

И двајцата „вардарци“ денеска потпишаа двегодишни договори со Хајдук, со можност за продолжување на истите на уште една. Следната недела се очекува и официјалната промоција на македонските бисери во дресот на сплиќани.

Претходно од Вардар заминаа и младинските репрезентативци Младеновски, Али Адем и Ибиши.
G-G32VEZ5NYJ