Шкупи подобар од Вардар Форино на пријателскиот дуел во Гостивар

Шкупи славеше против второлигашот Вардар Форино со 2-1 на пријателскиот натпревар кој се одигра во Гостивар.

Тимот од Чаир, кој настапи во комбиниран состав, се мачеше со второлигашот и до победата дојде со голот на Мухарем Сухељ во 85. минута. Претходно Шкупи поведе со голот на Фатон Јусуфи во 43. минута, а Вардар Форинот израмни во 73. минута.

Шкупи на стартот од новиот шампионат, на 9. август, во Скопје ја пречекува Шкендија.
G-G32VEZ5NYJ