Се познаваат добро од периодот кога беа во У21, но Давор Здравковски сега го доби првиот повик за А-тимот на Македонија. Селекторот Благоја Милевски го пречека дебитантот, а тука веќе се пристигнати и „саудијците“ Дарко Велковски и Александар Трајковски, поголем дел од фудбалерите кои играат во странство, како и повиканите од домашниот шампионат.
Утре треба да се приклучат Елиф Елмас, капитенот Стефан Ристовски, Аријан Адеми, а почнуваат подготовките за новиот циклус квалификации за ЕВРО 2024 во Германија.
Прв ривал на Македонија е селекцијата на Малта, на 23.март во Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski