Connect with us

Втора лига: Беса, Детонит и Пелистер со победи одат на зимски одмор

Беса го потврди првото место на табелата по есенскиот дел од Втората лига, откако ја победи Победа со 3-1. Фитон Адеми беше двоен стрелец, а еден постигна и Изаир Емини.


Пелистер го совлада Осогово на домашен терен со 2-1. Гостите поведоа во 11. минута со голот на Паунов, а Симеон Христов израмни до полувремето. Победничкиот гол беше дело на Спиркоски.

Но, Детонит Плачковица е на втората позиција, пред Пелистер, откако го победи Караорман со 0-1 на гости.

Скопје славеше против Новаци со 2-1, а со идентичен резултат и Арсими ја победи Беласица.

Кожуф го победи Охрид со 1-0, Вардар Неготино исто така со 1-0 беше подобар од Каменица Саса, а Тетекс и Башкими ремизираа без голови.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови