Вести од А-тим

Тренинг во комплетен состав - пристигнаа Пандев, Барди...

Селекторот Игор Ангеловски од денеска ги има на располагање сите фудбалери на кои ќе смета за претстојниот двомеч со Австрија и со Израел, откако на националниот тим му се приклучија играчите кои не беа во можност да тренираат во текот на вчерашниот ден.

Прочитај повеќе

Билетите за мечот со Израел по 150 денари

Фудбалската федерација на Македонија ја одреди цената на влезниците за последниот квалификациски натпревар што националниот тим ќе го одигра на домашен терен во циклусот за ЕВРО 2020, против Израел на 19 ноември. Билетите ќе чинат по 150 денари и ќе можат да се набават преку мрежата на „mktickets“.

Прочитај повеќе

Аврамовски и Костадинов: Задоволство е да се биде меѓу најдобрите

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на комплексот „Петар Милошевски“ го одржа првиот тренинг од мини подготовките во пресрет на последните два квалификациски натпревари од циклусот за ЕВРО 2020 против Австрија и против Израел. Во националниот тим има и двајца дебитанти, Тихомир Костадинов од Ружомберок и Даниел Аврамовски од Вардар.

Прочитај повеќе

Ангеловски: Сакаме да останеме трети, повредите нема да ги намалат мотивите

Фудбалската репрезентација на Македонија во десеткуван состав ќе ги очекува двата последни натпревари од квалификацискиот циклус за ЕВРО 2020, против Австрија во Виена на 16 ноември и три дена подоцна против Израел во Скопје. Селекторот Игор Ангеловски очекува националниот тим сепак да биде на вистинското ниво и покрај изостаноците.

Прочитај повеќе

Ангеловски и со Аврамовски и Ѓорѓев на мегдан против Австрија и Израел

​Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски го соопшти списокот фудбалери за последните два натпревари од квалификациите за пласман на ЕП 2020 против Австрија во Виена и против Израел во Скопје.

Прочитај повеќе