Вести од А-тим

Фудбалерите пристигнаа во Полска, вечерва првиот тренинг на „Полонија стадионот“ во Варшава (ФОТО)

Македонската репрезентација попладнево околу 14 часот со чартер лет од Скопје слета во Варшава каде следниве два дена ќе течат подготовките за квалификацискиот натпревар против Полска од Групата Г за пласман на ЕП 2020.

Прочитај повеќе

Репрезентативците отпатуваа за Полска

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа оствари голем триумф (2-1) над Словенија, а веќе од денеска е фокусирана на следниот предизвик, дуелот со Полска во Варшава. Најдобрите македонски фудбалери претпладнево отпатуваа за полската престолнина максимално мотивирани за нов позитивен резултат и против лидерот во квалификациската група.

Прочитај повеќе

Елмас: Не сум важен јас и моите голови, важно е Македонија да победува!

​Онака скромно, како и секогаш, Елиф Елмас веднаш по триумфот над Словенија не ги прифаќаше така лесно заслугите за големите три бода од пресметката на „Тодор Проески“. За него најважно е Македонија да победува, а неговите голови и игра се само во функција на тимот.

Прочитај повеќе

Ристовски: Требаше да играм само 30 минути, но стиснав заби за Македонија

Стефан Ристовски веќе подолго време влече незгодна повреда поради која не настапи ниту на септемвриските квалификациски средби. Сепак, одличниот дефанзивец се врати да помогне во вистински момент и беше еден од најзаслужните за беспрекорното функционирање на последната одбранбена линија пред голот на Димитриевски.

Прочитај повеќе

Пандев: Елиф е нашиот бисер, но секој поединец вечерва изгина на терен

​Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев не го криеше задоволството од триумфот против Словенија со кој Македонија остана во трката за водечките две позиции во Групата Г за пласман на ЕП 2020. Пандев не штедеше зборови пофалби и за херојот во триумфот против Словенците, фудбалерот на Наполи - Елиф Елмас.

Прочитај повеќе