Вести од А-тим

Нестор - гол: За победа ни треба гол...Да погодиме против Австрија

Илија Несторовски се надева дека тоа што не го искористивме против Полска, ќе успееме да го добиеме против Австријците. Добрата игра против Полјаците нека донесе малку повеќе среќа за нас на следниот дуел против Австрија, утревечер на „Тодор Проески арена“.

Прочитај повеќе

Ангеловски: Одиме на победа против Австрија, Ристовски е подготвен, Елмас е повреден

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ја пречекува Австрија во Скопје и се надева дека ќе оствари позитивен резултат и ќе се рехабилитира за незаслужениот пораз од Полска пред три дена.

Прочитај повеќе

Австријците без ѕвездата на Баерн Минхен: Алаба не доаѓа во Скопје

Фудбалската репрезентација на Австрија во Скопје ќе допатува без ѕвездата на Баерн Минхех, Давид Алаба. Тој заработил повреда на бутниот мускул на левата нога на мечот против Словенија во петокот и по деталните лекарски прегледи е проценето дека не е способен за настап. Алаба веќе ја напуштил базата на австриската селекција.

Прочитај повеќе

Левандовски: Мораме да бидеме посупериорни со ривали како Македонија

Фаворитот Полска успеа да слави (0-1) на гостувањето во Скопје, но не импресионираше со играта. Победи со среќно постигнат гол и од само еден удар кон голот на Столе Димитриевски.

Прочитај повеќе

Пандев: Овој пораз боли, но победа над Австрија ќе значи уште повеќе

Горан Пандев имаше причина за разочараност по денешниот пораз од Полска, откако гостите со еден единствен удар кон нашиот гол стигнаа до трите бода. Пандев е свесен дека разочарувањето мора експресно да се надмине, бидејќи за само неколку дена ќе следи дуелот со Австрија, директниот конкурент за второто место во групата.

Прочитај повеќе