Вести од А-тим

Велковски: Сега на победа против Израел за успешен крај на квалификациите

​Поразот од Австрија можеби беше „очекуван“, а сега следи дуелот што на Македонија може да и го донесе третото место во квалификациската група, во вторник против Израел во Скопје. Триумф над Израелците и победа на Полска над Словенија за нашиот национален тим ќе значи и најдобар пласман во еден квалификациски циклус.

Прочитај повеќе

Аврамовски: Доброто второ полувреме дава мотив за триумф против Израел во Скопје

​И фудбалерот од средниот ред на Вардар, Даниел Аврамовски е дел од играчите кои дебитираа во сениорскиот национален дрес на мечот против Австрија.

Прочитај повеќе

Стојановски: Секако сум среќен што дебитирав со гол во националниот дрес

Офанзивецот на француски Ним, Влатко Стојановски имаше одлично деби во дресот на Македонија. И покрај поразот од Австрија од 2-1 во Виена, Стојановски се издвои како најдобра алка во тимот на Игор Ангеловски запишувајќи го и својот деби гол во националниот дрес.

Прочитај повеќе

Ангеловски: Честитки за Австрија, се надевам дека и ние ќе им се придружиме на ЕП

​Македонскиот селектор Игор Ангеловски е задоволен од изданието на неговите избраници на претпоследниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2020 и покрај поразот на гостувањето против Австрија во Виена. Ангеловски како позитивен го издвои фактот и дека добивме две-три нови имиња кои покажаа дека го заслужуваат репрезентативниот повик.

Прочитај повеќе

Пораз (2-1) од Австрија во Виена на подмладената Македонија

Подмладената и десеткувана репрезентација на Македонија доживеа пораз од Австрија (2-1) во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2020. Давид Алаба во осмата минута и Штефан Лајнер во 48.минута беа стрелци на головите за Австрија на овој меч. Македонија постигна почесен погодок преку дебитантот Влатко Стојановски во завршните моменти од

Прочитај повеќе