Како и што се најавуваше уште минатиот месец, Шкендија денеска официјално го промовираше едно од најголемите свои засилувања за новата сезона, албанскиот интернационалец Бруно Дита.
Вардар пред почетокот на новата сезона загуби уште два огромни таленти на македонскиот фудбал, Азер Омерагиќ и Леонид Игњатов, и двајцата членови на репрезентацијата на Македонија за играчи до 19 години.
Шкупи славеше против второлигашот Вардар Форино со 2-1 на пријателскиот натпревар кој се одигра во Гостивар.
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски би можел од следната сезона да се пресели во Бундес-лигата. За него е заинтересиран германскиот бундеслигаш Волфсбург. Раководството на овој клуб отпочнало преговори за ангажман на Ристовски, а Спортинг Лисабон за него одреди отштета од 4 милиони евра.
Најтрофејниот македонски клуб Вардар, конечно, на само десет дена пред почетокот на првенството ги стартуваше подготовките за новата сезона 2020/21 во Првата македонска фудбалска лига. По многу неизвесност и дилеми, сепак, „црвено-црните“ во базата во Хиподром го одржаа првиот тренинг.