Вести од месец Јуни, 2020

Кировски е „трансфер-бомбата“ на Гостивар

Гостивар детонираше „трансфер-бомба“ на второлигашкиот пазар откако овој клуб успеа да го договори доаѓањето на Христијан Кировски. Одличниот голтетер ланската сезона го носеше дресот на Струга Трим Лум, претходно ги бранеше боите на уште неколку прволигаши, но летово го прифати предизвикот - да се пресели во Втората лига и да му помогне на Гостива

Прочитај повеќе

Ренова ги стартуваше летните подготовки за настапот во Лига Европа

Ренова е вториот тим кој стартуваше со летни подготовки, по Силекс, кој ќе ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите откако Вардар не доби лиценца за настап во европските купови. Под раководство на Бујар Ислами, „гипсарите“ почнаа со работа и првиот дел ќе го минат во Тетово.

Прочитај повеќе

Стефан Спировски презентиран како ново засилување на АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски и официјално е презентиран како ново засилување на кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака. Тој ги мина медицинските прегледи и потпиша двегодишен договор со клубот.

Прочитај повеќе

Работнички го чува капитенот: Горан Силјановски уште 18 месеци „романтичар“

Капитенот Горан Силјановски го продолжи договорот со Работнички за нови 18 месеци, објави клубот од Дебар Маало на официјалниот сајт. Раководството на „романтичарите“ најде заеднички јазик за обновување на соработката со еден од најискусните фудбалери, кој има неспорни фудбалски способности на теренот, но и лидерски квалитети во соблекувалната.

Прочитај повеќе

Пелистер се засили со црногорскиот интернационалец Иван Пејаковиќ (ВИДЕО)

Повратникот во прволигашкото друштво, тимот на Пелистер, го доведе четвртото засилување за новата сезона и камбекот во елитата. Под „Тумбе кафе“ пристигна црногорскиот интернационалец Иван Пејаковиќ. Се работи за 27-годишен крилен фудбалер кој најчесто делува по левата страна.

Прочитај повеќе