Вести од месец Август, 2019

Стефан Јевтоски ново засилување за Работнички

Работнички ангажираше уште едно засилување пред крајот на летниот преоден рок. Нов член на клубот od Дебар Маало е Стефан Јевтоски, поранешниот младински репрезентативец кој изминатиот период градеше интернационална кариера, а во Македонија настапуваше за Металург. Тој потпиша едногодишен договор со Работнички, објави клубот на официјалниот сајт.

Прочитај повеќе

Илиевски: Брегалница размислува само на триумф на првиот меч пред своите навивачи сезонава

​По гостинскиот триумф од 2-4 против Плачковица во првото коло од новата сезона во Втората лига - Исток, Брегалница денеска во вечерниот термин од 19 часот на Градскиот стадион во Штип ја очекува првата средба пред домашните навивачи, во дербито на Истокот против Осогово.

Прочитај повеќе

Шкендија на „раскрсница“: Безусловно по триумф против Борец

По катастрофалниот настап на европската сцена и очајниот старт на домашната сезона, Шкендија дефинитивно веќе се наоѓа на сериозна раскрсница околу начинот на кој ќе биде продолжен шампионатот. Во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига тетовци денеска гостуваат во Велес против Борец каде неизбежно атакуваат на триумф како начин за мирна двонед

Прочитај повеќе

МАКФУДБАЛ и СПОРТЛАЈФ наградуваат: Работнички против најдобрата одбрана во лигата

МАКФУДБАЛ и спортските обложувалници „Спортлајф“ продолжуваат со заедничкиот проект поврзан со Првата македонска фудбалска лига. Се што треба да направите е да типувате на полувреме-крај на дербито на колото во ПМФЛ, а доколку погодите ќе бидете во игра за една од наградите што ги доделуваат МАКФУДБАЛ и Спортлајф.

Прочитај повеќе

Махмудов со два прекрасни гола за триумф на Пјуник... (ВИДЕО)

​Македонскиот интернационалец Денис Махмудов е двоен стрелец во триумфот на Пјуник против Еревен од 4-1 во шампионатот на Ерменија

Прочитај повеќе