Вести од месец Август, 2019

ВИДЕО: Абдулхади Јахја е спасителот на Струга ТЛ....

​Струга ТЛ се одржува во водечката четворка на врвот од првенствената табела по четири одиграни натпревари во ПМФЛ, откако ремизираше (1-1) пред своите навивачи со Шкупи.

Прочитај повеќе

ВИДЕО: Како Борец ја „закова“ Шкендија на дното...

​Продолжува очајната низа резултати на Шкендија на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Во 4. коло, тетовци загубија со 1-0 и на гостувањето против Борец во Велес на тој начин запоседнувајќи го последното место на првенствената табела со само еден освоен бод од четири натпревари.

Прочитај повеќе

Борец фрли сол на раните на Шкендија, Академија Пандев го совлада Работнички

Шампионот Шкендија е на дното, а кризата е продлабочена со денешниот пораз (1-0) на гостувањето кај новиот прволигаш Борец во Велес. Тимот на Ќатип Османи е непрепознатлив, но затоа Академија Пандев игра одлично, го победи Работнички со 1-2 во Скопје и се зацврсти на првата позиција на табелата со 10 бода по четири одиграни кола.

Прочитај повеќе

Демир: Македонија ЃП е подготвена за триумф на 'жешкото' гостување во Кратово

Максимално оптимистичко расположение владее во таборот на Македонија ЃП пред денешното гостување во Кратово против Силекс во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Прочитај повеќе

Работнички во желба за прекин на низата без пораз на Академија Пандев

Работнички - Академија Пандев во една од двете дерби пресметки на 4. коло од Првата македонска фудбалска лига. „Романтичарите“ денеска од 16:30 часот на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје во обид први да стигнат до „скалпот“ на струмичани, кои се една од трите досега непоразени екипи во шампионатот.

Прочитај повеќе