Актуелниот првак Шкендија му даде отказ на досегашниот тренер Ќатип Османи. По лошиот старт на сезоната во Првата лига и последната позиција на која се наоѓа во моментот, но и лошиот настап на Шкендија на европска сцена, раководството на Шкендија реши да се раздели со Османи, и покрај неговото шампионско минато со клубот.