Фудбалската федерација на Македонија го смени досегашниот комесар за натпреварување, Васко Дојчиновски. На седницата на УО на ФФМ која се одржа вчера, Дојчиновски е разрешен од функцијата, а неговото место ќе го заземе Игoр Франговски.
Македонскиот прволигаш Вардар го победи турскиот тим Касимпаша со 1-0 во последниот натпревар од летните подготовки во Словенија. Тоа е втор триумф за „црвено-црните“, не сметајќи ги двата теста кои не го дочекаа крајот поради лошите временски услови.
Вардар стигна до првата победа на летните подготовки во Словенија откако „црвено-црните“ триумфираа над составот на Рогашка со минимални 2-1.
Македонскиот првак Шкендија е елиминиран од Дуделанж во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Нашиот шампион ремизираше (1-1) на реваншот во Луксембург, но поразот од Скопје (1-2) беше клучен за елиминацијата.
Шкендија е на прагот на поразот и на реванш-дуелот против Дуделанж, откако македонскиот првак прими гол во 78. минута од реваншот во Луксембург (1-0).