Најтрофејниот македонски клуб Вардар ги почна летните подготовки. Тимот стартуваше веднаш со работа под раководство на шефот на стручниот штаб Александар Васоски, а меѓу играчите нема голем дел од странците. Фелипе и Лира се слободни, Битанг преговара за останување, а Жуниор Реис треба да се приклучи наредните денови.