Нови главоболки за ФК Вардар. ФИФА ќе му забрани трансфери во наредните два преодни рока, поради случајот со Максим Максимов. Рускиот интернационалец кој дојде од Тракаи стана случај за ФИФА, а канцеларијата на Светската фудбалска организација пресуди во корист на литванскиот клуб. Вардар ќе добие и дополнителна парична казна.