Вести од месец Декември, 2019

ТРАНСФЕР НА ГОДИНАТА - ЕЛИФ ЕЛМАС

Пред три години беше надежно момче во дресот на Работнички на кое сите му предвидуваа убава иднина. Но, самиот требаше да го направи европскиот исчекор. Неверојатниот талент беше несомнен, но Елиф Елмас има и фудбалски карактер за големи дела, бестрашен е, верува во себе и граби напред со огромни чекори.

Прочитај повеќе

ИЗБОР НА МАКФУДБАЛ: ВАРДАР Е НА ВРВОТ, ДАНИЕЛ АВРАМОВСКИ Е „ЧОВЕК“ НА ЕСЕНТА

Македонскиот фудбал од оваа сезона ги прошири хоризонтите, се отвори и регионално преку ТВ преносите на „Арена Спорт“, а Вардар заслужено стои на врвот на табелата по првата полуетапа, со завидна бодовна предност во однос на актуелниот шампион Шкендија и на освојувачот на Купот, Академија Пандев.

Прочитај повеќе

МАКФУДБАЛ - ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА!

Вардар, со подмладен состав и без можност за засилувања поради казната од УЕФА, избришан од многумина пред стартот на шампионатот, сепак е тимот кој се издвои на домашната прволигашка сцена по првата етапа од сезоната 2019/2020.

Прочитај повеќе

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини: Во 2020 година посакувам пласман на ЕП!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, заокружувајќи ја изминатава календарска години преку свое новогодишно обраќање се осврна на најзначајните активности на ФФМ и македонскиот фудбал во изминатата 2019 година.

Прочитај повеќе

Денковски е прво засилување за Кит Го за вториот дел од шампионатот

​Младинскиот репрезентативен голман Давид Денковски е првото засилување за Кит Го за пролетниот дел од шампионатот во Втората лига - Исток.

Прочитај повеќе