Вести од месец Ноември, 2019

Бобан Николов погоди за Мол Фехервар (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Бобан Николов беше стрелец на погодок за Мол Фехервар во првенството на Унгарија. Неговиот тим славеше со 1-3 на гостувањето кај Диосѓер, а Николов се запиша во листата на стрелците во 86.минута потврдувајќи го триумфот.

Прочитај повеќе

Тричковски стрелец за АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски продолжува со одлични игри во првенството на Кипар. Неговиот тим АЕК Ларнака загуби, но Тричко беше стрелец на единствениот погодок во поразот (1-2) од Анортозис. Тој погоди во судиското продолжение од натпреварот.

Прочитај повеќе

Македонија, ако успее да се пласира на ЕВРО 2020, ќе биде во група со Холандија, Украина и со Австрија

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во група со Холандија, Украина и со Австрија, доколку успее да се пласира на ЕВРО 2020 преку баражот во Лигата на нации. Вака одреди ждребот што се одржа вечерва во Букурешт.

Прочитај повеќе

ВИДЕО: Голот на Кит Го го одбележа последното есенско коло во Втората лига - Пановски во стилот на Артим Шаќири

Кит Го е екипата која на некој начин ја одбележува есенската полусезона во двете второлигашки конкуренции со извонредната серија од седум едноподруго победи со кои ја заокружи есента. Во денешното 14. коло во Втората лига – Исток фудбалерите на Кит Го победија со 3-1 против Питу Гули.

Прочитај повеќе

Охриѓани во хумана акција: Играа и победија за Тачо... (ФОТО)

​Фудбалерите на Охрид со триумф ги завршија мечевите од есенската полусезона во Втората лига - Запад, славејќи на домашен терен со 3-2 (2-0) против Кадино во натпревар кој беше во знакот на хуманоста.

Прочитај повеќе