Шкендија го совлада Вардар со 1-0 во Тетово и се пласира во четвртфиналето на Купот на Македонија. На реваншот во Тетово, Агим Ибраими беше човек на одлука во 74.минута од натпреварот, а овој триумф беше доволен за актуелниот првак да се пласира меѓу осумте најдобри екипи во националниот Куп, откако првиот меч во Скопје заврши 2-2.