Вести од месец Декември, 2018

Крстаноска се враќа во ЖФК Истатов

Една од најдобрите македонски фудбалерки, Симона Крстаноска повторно ќе го облече дресот на ЖФК СЦ Истатов кој го носеше пред отпочнувањето на интернационалната кариера.

Прочитај повеќе

Димитриевски во тимот на колото во Шпанија: Во друштво на Меси, Дембеле….

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски од шпанските медиуми е избран во тимот на 17. коло во Ла Лига, по одличното издание во триумфот на Рајо Ваљекано од 2-1 против Леванте.

Прочитај повеќе

Градоначалникот на Прилеп на средба во ФФМ: Ќе мрдне ли работата со стадионот „Гоце Делчев“?

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија, в.д. претседателот, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски остварија работна средба со градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски. Реконструкцијата на градскиот стадион „Гоце Делчев“ беше главна тема на разговорот, а ФФМ верува во поддршката која по тоа прашање ја изрази првиот

Прочитај повеќе

Несторовски не мрда од Палермо во јануари

Илија Несторовски нема да биде продаден во текот на јануарскиот преоден рок без оглед колкава понуда ќе пристигне до Палермо за услугите на македонскиот репрезентативец. Ставот на управата на сицилијанскиот клуб е дециден – приоритет е враќањето во „Серија “, а за остварување на таа цел неопходна ќе биде помошта на Несторовски.

Прочитај повеќе

Работнички се засили со Асуерио, напаѓач од Бразил

Македонскиот прволигаш Работнички го доведе и второто засилување во зимскиот преоден рок. По Бугаринот Николај Дилгеров, во редовите на „романтичарите“ пристигнува и бразилскиот напаѓач Аусерио. 25-годишниот офанзивен фудбалер игра на централната напаѓачка позиција, но исто така може добро да се снајде и по крилните позиции.

Прочитај повеќе