„Граѓаните“ со скромна победа против Брајтон (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја оствари четвртата последовна победа во Премиер - лигата, но скромна според голгетерскиот ефект. Тимот на Пеп Гвардиола славеше со 1-0, со голот на Фил Фоден во 44.минута и сега има 32 бода, четири помалку од лидерот Манчестер Јунајтед, но и еден одигран натпревар помалку. 

Во вториот дел „граѓаните“ имаа уште неколку шанси, а во судиското продолжение Рахим Стерлинг не успеа да реализира пенал.


          
G-G32VEZ5NYJ