Тричко стрелаше против АПОЕЛ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски со гол се врати во составот на АЕК Ларнака по малата повреда поради која не настапи на минатиот натпревар од кипарското првенство. Тој стрелаше против некогашниот свој клуб АПОЕЛ во ремито (1-1). 

Тричко влезе во игра на почетокот на второто полувреме, а успеа да ја затресе мрежата на АПОЕЛ во 58.минута. Само две минути подоцна АПОЕЛ израмни преку Виктор Клонаридис. 

  
G-G32VEZ5NYJ