Глишиќ нов соиграч на Трајчевски и на Шишковски: Потпиша за Докса

Досегашниот фудбалер на Шкупи, Дарко Глишиќ, повторно замина на печалба, овојпат на Кипар. Тој е нов фудбалер на кипарскиот прволигаш Докса. Таму веќе одомаќинети се Душко Трајчевски и Дамјан Шишковски кои ќе му бидат соиграчи. 

Глишиќ ќе го носи дресот со број „33“ во новиот клуб. Докса во моментот се наоѓа на шестото место на табелата во првенството на Кипар. 



   
G-G32VEZ5NYJ