-
13.01.2021
-
Прва лига, КФ Ренова, Фудбал
Македонскиот прволигаш Ренова продолжува со реконструкцијата на составот во пресрет на пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Ангажирани се уште две нови засилувања, Фатјон Јусуфи и Арбен Тафа. Тие ќе му донесат свежина, но и искуство на тимот на Ќатип Османи.
„Гипсарите“ направија неколку промени во ростерот. Досега пристигнаа Перез, Гајиќ и Алити, сега се приклучија и Јусуфи и Тафа, а од Ренова заминаа Валон Незири, Артан Велиу, Арменд Алиу, Алтин Сефо и Сулејман Кулибали.
Првата фаза од подготовките тимот на Ренова го одработува во Тетово, а потоа ќе замине на охридското крајбрежје.