Барселона го договори трансферот на Ерик Гарсија

Каталонскиот гигант Барселона го договори првото засилување во јануарскиот преоден рок. Како што открива „Мундо Депортиво“, одбранбениот фудбалер на Манчестер Сити, Ерик Гарсија, доаѓа на „Камп Ноу“.

Тој одби да го продолжи договорот со Манчестер Сити и чекаше враќање во Барселона. Се најавуваше негов ангажман на крајот од сезоната како слободен играч, но Барселона одлучи сепак трансферот да го реализира во зимскиот преоден рок.

Ерик Гарсија треба да потпише договор со Барселона на пет и пол години, а Манчестер Сити ќе добие отштета од 5 милиони евра. 

 
G-G32VEZ5NYJ