Шкупи го претстави Матеј Цветаноски: Вардарецот две години на Чаир

Македонскиот прволигаш Шкупи го претстави новото големо засилување Матеј Цветаноски. Најавите за негов трансфер од Вардар во Шкупи сега имаат и официјална потврда. Фудбалерот потпиша двегодишен договор со тимот од Чаир.  

„Среќен што сум сум дел од клуб кој има богата историја на домашна и на меѓународна сцена. Понудата на Шкупи беше најдобра за мојата фудбалска кариера. Се надевам дека ќе успееме да ја освоиме титулата, ќе сторам се за да му помогнам на тимот. Сакам да се заблагодарам на сите за прекрасниот прием во клубот, верувам дека брзо ќе се прилагодам на играта со оглед дека познавам голем број фудбалери од составот“, изјави Матеј Цветаноски.

Во дресот на Вардар, Цветановски постигна шест гола и запиша пет асистенции во есенскиот дел од шампионатот. Шкупи се подготвува за заминување во Анталија каде ќе ја реализира втората фаза од подготовките.
G-G32VEZ5NYJ