Лингард понуден на Интер, во приказната е и Милан

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, е цел на италијанските калчолгаши Милан и Интер. Поранешниот англиски репрезентативец тотално е во втор план во тимот на Оле Гунар Солскјер, речиси воопшто не добива шанса во Манчестер Јунајтед и подготвен е да ја промени средината.

Лингард влезе во последната година од договорот со „црвените ѓаволи“ и се чини дека сега е моментот да замине од Јунајтед. Тој да добие нова можност и поголема минутажа, а клубот да заработи на неговото заминување.

Мино Раиола, кој е негов агент, го предложил на двата милански клуба, а многу позаинтересиран за ангажман е Интер.

 
G-G32VEZ5NYJ