Како се загреваше Жоао Феликс за да влезе во игра? - Со греалка! (ВИДЕО)

Мадрид е под снежна покривка, а за Жоао Феликс кој доаѓа од Португалија тоа и не е најпосакуваниот период од годината. Диего Симеоне го остави на клупата, а тој најде оригинален начин да се загрее за да влезе во игра...Сo греалка!

Во текот на првото полувреме, Жоао Феликс ја одржуваше телесната температура возејќи статичен велосипед, но и загревајќи се со греалка. Во 66.минута и доби шанса да заигра против Севилја на местото на стрелецот на првиот гол, Анхел Кореа. 

   
G-G32VEZ5NYJ