Фреди Бобиќ потврди: Лука Јовиќ се враќа во Ајнтрахт Франкфурт

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ заминува од „Сантијаго Бернабеу“ и се враќа во Франкфурт каде блескаше во дресот на Ајнтрахт. Тој наредните шест месеци ќе ги мине како позајмен играч од „кралскиот клуб“ во редовите на бундеслигашот.

Ова го потврди и спортскиот директор на Ајнтрахт Франкфурт, Фреди Бобиќ. 

„Лука Јовиќ се враќа кај нас до крајот на сезоната. Го очекуваат уште медицински прегледи, но верувам дека брзо ќе се појави кај нас во тимот“, изјави спортскиот директор на германскиот клуб. 

Србинот во дресот на Ајнтрахт Франкфурт од 2017 до 2019 година постигна 36 гола на 75 натпревари. 

 
G-G32VEZ5NYJ