Атлетико Мадрид не знае за доста, ја совлада и Севилја (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид ја оствари 13. победа во Ла Лига оваа сезона, совладувајќи ја Севилја на „Ванда Метрополитано“ со 2-0. Тимот на Диего Симеоне сега има 41 бод, четири повеќе од Реал Мадрид, а и два одиграни меча помалку, на врвот на табелата. 

Анхел Кореа во 17.минута успеа да донесе водство за Атлетико Мадрид. Саул Нигез беше стрелец на вториот погодок во 76.минута од средбата, на асистенција на Маркос Љоренте. 

Севилја по овој пораз остана на шестата позиција со 30 бода. 




     
G-G32VEZ5NYJ