Големо засилување за тимот на Пандев: Џенова го доведе Кевин Стротман

Италијанскиот калчолигаш Џенова доведе големо засилување за вториот дел од сезоната во Серија А. Играчот за врска Кевин Стротман е нов соиграч на Горан Пандев. 

Холанѓанецот доаѓа како позајмен играч од Олимпик Марсеј до крајот на сезоната, а Џенова има обврска потоа да го откупи комплетно договорот. До истекот на позајмицата, двата клуба ќе исплаќаат по половина од плата на Стротман. 

Фудбалерот од средниот ред претходно играше за Рома во италијанскиот шампионат.   
G-G32VEZ5NYJ