Захов останува во Шкендија до 2023 година

Лидерот на табелата во Првата лига, тимот на Шкендија, постигна договор со голманот Костадин Захов за продолжување на соработката до 2023 година. Чуварот на мрежата на тетовскиот тим потпиша нов договор со клубот за наредните две и по сезони. 

„Среќен сум што го носам дресот на овој клуб со кој остварив големи успеси во кариерата. Шкендија ми даде многу, но верувам дека и јас возвратив со своите добри игри. Оваа меѓусебна соработка продолжува на најдобар начин, потпишав нов договор и сега со ентузијазам гледам кон следните предизвици со клубот“, изјави Костадин Захов за официјалниот сајт на Шкендија.

Захов од 2016 година е член на Шкендија и досега има вкупно 176 настапи за „црвено-црните“ од Тетово. 
          
G-G32VEZ5NYJ