Адеми: Македонија ја сметаат за „мала“ пред ЕП, но затоа може да биде и најопасна!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е цврсто убеден дека нашиот национален тим ќе биде позитивно изненадување на Европското првенство. Македонија е сензација во Европа откако обезбеди пласман на големото натпреварување, а Адеми смета дека наш најголем адут ќе биде доколку другите селекции не потценат во пресрет на настапот.

„Македонија ќе биде изненадување на ЕП 2021, убеден сум во тоа, верувам дека ќе направиме големи работи. Знам дека оваа изјава е многу амбициозна, но јас навистина го мислам тоа. На нас гледаат како на аутсајдери, најмали сме, но затоа можеме да бидеме и најопасни“, вели Адеми.

Капитенот на Динамо Загреб секој преоден рок го добива истото прашање. Ќе остане на „Максимир“ или ќе направи трансфер во некоја од најсилните лиги.

„Можеби ќе останам тука и до крајот на кариерата, не жалам за ниту една минута помината во Динамо Загреб. Тука ги имав најубавите приказни во кариерата и за мене тоа е големо задоволство и чест. Но, ако дојде некоја понуда од „топ 5“ лигите, би можел да се испробам и таму“, истакнува Адеми.

 
G-G32VEZ5NYJ