Футсал шампионот Шкупи отпатува за Украина

Македонскиот футсал шампион Шкупи тргна на пат за Украина каде в сабота ќе го игра мечот од 1/16 - финалето во Лигата на шампионите против украинскиот тим Керсон. Тимот од Чаир го очекува долго патешествие, а натпреварот ќе се игра в сабота, со почеток во 13 часот, во „Палатата на спортовите Младост“ во Запорожје. 



Во претходната квалификациска рунда од елитното европско футсал натпреварување, Шкупи во Скопје го совлада Блу Меџик од Даблин со 3-0.  



 
G-G32VEZ5NYJ