Дарко Мицевски пред потпис со Борац Бања Лука

Капитенот на Вардар и новопечен македонски репрезентативец Дарко Мицевски дефинитивно го напушта клубот. Со него продолжува одливот на „црвено-црните“ од најтрофејниот клуб поради неизвесноста на финансиски и на организациски план. Најтесното раководство на клубот, претседателот Мирко Спасески и извршниот директор Самоил Симев поднесоа оставки, а се останато се уште лебди во воздух.

Мицевски подолг период преговара со Борац Бања Лука и босанските медиуми најавуваат дека е пред потпис на договорот. Во наредните денови се очекува негова официјална промоција во новиот клуб.

   
G-G32VEZ5NYJ