Кит Го означи старт, Грнев ги прозиваше фудбалерите (ФОТО)

Македонскиот второлигаш Кит Го ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сзоната во Втората лига Исток. Тренерот Емил Грнев ја одржа првата прозивка, а потоа и тимот почна со работа. 

Фудбалерите на Кит Го низ зимскиот период ќе работат во Штип и Пехчево, а веќе се договорени и пет пријателски натпревари. 



Контролите ќе стартуваат со пресметката против Брегалница на 23. јануари. На 30. јануари е закажан дуел со Кожуф, на 6. февруари ќе се одмерат силите со Осогово, на 13. февруари со Брегалница Делчево и генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот ќе биде на 20. февруари со Тетекс.

Кит Го првиот натпревар од пролетната сезона го игра на 27. февруари против Слога во Виница.




G-G32VEZ5NYJ