Тиквеш тргна со подготовки со Пане Блажевски на кормилото

Македонскиот второлигаш Тиквеш со новиот шеф на стручниот штаб Пане Блажевски денеска означи старт на зимските подготовки. Кавадаречкиот тим има и неколку нови имиња со надеж дека ќе успее да ја анулира негативата во однос на лидерот Брегалница или пак преу баражот да стигне до елитата. 

Кристијан Костовски и Петар Љамчевски пристигнаа во Кавадарци, остана Симеон Христов, тука е и капитенот Ѓорѓи Мојсов, а го нема искусниот дефанзивец Ванче Шиков кој веќе не е ниту спортски директор. 

Тиквеш во текот на подготовките ќе спарингува со неколку прволигашки и второлигашки екипи со цел добро да се подготви за пролетните искушенија во Втората лига Исток. 

   
G-G32VEZ5NYJ