Давид Бабунски останува во Романија, потпиша за Виторул

Македонскиот интернационалец Давид Бабунски останува во Романија, а кариерата ќе ја продолжи во Виторул Констанца. По разделбата со Ботошани, играчот за врска одлучи да ја прифати понудата на раководството на Виторул и потпиша двегодишен договор со новиот клуб. 

Виторул се наоѓа на шестата позиција на табелата во првенството на Романија со 20 бода и има амбиции за излез на европска сцена. Давид Бабунски е едно од засилувањата што треба да помогне за остварување на целта.

Бабунски по одисејата во Јапонија, во 2020 година пристигна во Романија и потпиша договор со Ботошани за кој одигра 14 натпревари. Сега има нов романски предизвик, Виторул Констанца, каде како младинец настапуваше и Бобан Николов во периодот од 2012 до 2015 година. 

 

            
G-G32VEZ5NYJ