ФФМ потсетува клубовите до четврток да аплицираат за добивање ваучер

Фудбалската федерација на Македонија ги извести фудбалските клубови од сите рангови на натпреварување за можноста за апликација  за добивање на ваучер за користење на средствата од даночното ослободување по Законот за данок на добивка. Барањето треба да биде доставено до ФФМ до четврток.

„Уредно пополнетото, заверено  и потпишано барање да се достави во архивата на Фудбалската Федерација на Македонија до 14.01.2021 (четврток) до 16:00 часот, како и по електронски пат  на следниве адреси: ffm@ffm.com.mk, zarko.ignjatovski@ffm.com.mk, stojce.atanasovski@ffm.com.mk, nikola.zerdeski@ffm.com.mk. Со право за користење на ваучер за користење на средства од даночно ослободување  се стекнуваат оние клубови кои биле активни  во последните две натпреварувачки сезони“, истакнуваат од Фудбалската федерација на Македонија. 

 
G-G32VEZ5NYJ