Новиот стадион на Стеауа ќе биде базата на Македонија во пресрет на ЕП

Новиот стадион на Стеауа, кој треба да биде комплетно готов до април, ќе биде „базата“ на Македонија во пресрет на Европското првенство. Нашиот национален тим на овој грандиозен објект за чија изградба се потрошени околу 95 милиони евра, ќе се подготвува за настапите на Европското првенство. Оваа информација ја објави еден од координаторите на ЕУРО 2020, Георге Попеску.

„Со Македонија е потпишан договор за користење на новиот стадион во Букурешт“, изјави легендарниот романски фудбалер. 

Фудбалската федерација на Македонија очигледно не препушта ништо на случајноста. Останува уште да именува селектор кој ќе ја води репрезентацијата на Европското првенство со оглед дека истече договорот на Игор Ангеловски, кој ја одведе селекцијата на ЕП.


G-G32VEZ5NYJ