Кит Го закажа пет теста во текот на зимските подготовки, стартот на 11. јануари

Македонскиот второлигаш Кит Го на 11. јануари ќе ги стартува зимските подготовки во пресрет на продолжението од сезоната во Втората лига - Исток. Шефот на стручниот штаб, Емил Грнев, првата прозивка ќе ја одржи на 11. јануари, а веќе се договорени и пет пријателски натпревари.

Контролите на Кит Го ќе стартуваат со пресметката против Брегалница на 23. јануари. На 30. јануари е закажан дуел со Кожуф, на 6. февруари ќе ги одмери силите со Осогово, на 13. февруари со Брегалница Делчево, а генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот ќе биде на 20. февруари против Тетекс.

Кит Го првиот натпревар од пролетната сезона го игра на 27. февруари против Слога во Виница.

 
G-G32VEZ5NYJ