ЖФК Љуботен продолжува со странски засилувања: Камерунка како дополнување за двете Бразилки

Македонскиот прволигаш во женски фудбал, тимот на ЖФК Љуботен продолжува со ангажман на странски засилувања. По двете Бразилки, анагжирана е и камерунска интернационалка.  Се работи за Меитефанг Хорелиа Сореле која игра во одбраната и треба да биде големо засилување за тимот. 
 
Камерунската интернационалка пристигнува од најтрофејниот белоруски женски фудбалски тим Бобручианка каде изминатата сезона беше стандардна првотимка. Претходно, ЖФК Љуботен ги ангажираше и Бразилките Роналдиња и Таила Фариаш.


G-G32VEZ5NYJ