Премија од ФФМ и за младата репрезентација У21

Успешна година е 2020 за македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија одлучи да ги награди и младите фудбалери до 21 година, како и стручниот штаб, за успешниот квалификациски циклус за ЕП.

Младите македонски репрезентативци го освоија второто место во квалификациската група освојувајќи 18 бода, се пласираа веднаш зад Шпанија, а поради промената на натпреварувачкиот систем од УЕФА предизвикано од пандемијата на коронавирусот не изборија учество во бараж за пласман на ЕП.

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ќе подели вкупна премија од 23.000 евра.

    
G-G32VEZ5NYJ