ЖФК Љуботен доведе уште една Бразилка, Таила

Женскиот фудбалски клуб Љуботен прави вистинска бразилска револуција во Македонија. Раководството на клубот ја договори и втората Бразилка која ќе го носи дресот на Љуботен. Таила Фариаш е фудбалерка од средниот ред и таа ќе и се придружи на Роналдиња, која од претходно го засили нападот на тетовскиот тим.

Таила Фариаш и Роналдиња во Тетово треба да пристигнат на 21 јануари и да се приклучат на подготовките на ЖФК Љуботен.     


G-G32VEZ5NYJ