Преодниот рок во Македонија ќе трае од 15 јануари до 11 февруари

Фудбалската Федерација на Македонија ги информираше сите клубови дека од 15 јануари, 2021 година започнува зимскиот преоден рок за фудбалери (мажи/жени) и ќе трае до 11 фeвруари.

„Ги информираме клубовите своите барања за сертификати за професионални и аматерски фудбалери да ги постават на ФИФА ТМС платформата и испратат информација до оддел за ТМС на ФФМ најкасно до 14 часот на 11 февруари, 2021 година за да има доволно време за обработка на барањата. За евентуални проблеми и помош во врска целиот процес, можете да се обратите по електронски пат на следните адреси на електронска пошта:  Mario.gjurcinovski@ffm.com.mk и Nikolce.petrovski@ffm.com.mk. Сите барања кои ќе бидат доставени по 23.59 часот на 11 февруари, 2021 година ќе се сметаат за ненавремени и нема да може да се процесуираат“, информираат од ФФМ.


G-G32VEZ5NYJ