ВИДЕО: Историскиот говор на Тони Стојановски испишан во ФФМ

„Победа за радост на душата! Оваа Македонија ќе живее. Ќе живее уште!“. Спортскиот коментатор Тони Стојановски имаше емотивна завршница во коментарот од директниот пренос на Македонската телевизија непосредно по пласманот на фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство.

Отсега па натаму, по иницијатива на ФФМ и новогодишно изненадување за новинарот, коментарот ќе остане испишан на ѕидовите од просториите на ФФМ. Видеото од настанот можете да го видите на овој линк
 
G-G32VEZ5NYJ