Тренинг камп во Охрид: Селекцијата У19 возврати со триумф од 3-1 против У21

Селекцијата до 19 години предводена од Шкумбин Арслани славеше со 3-1 против селекцијата на фудбалери до 21 година на вториот контролен натпревар од тренинг кампот во Охрид.

Берат Калкан во 13. и во 33. минута ги постигна головите за селекцијата до 19 години за водство од 2-0 на полувреме. Марко Ѓорѓиевски од пенал во 74. минута даде погодок за намалување на предноста на 2-1, но пред крајот од натпреварот, најстрога казна реализираше Зуфер Шаини за конечен резултат 3-1.

МАКЕДОНИЈА до 19 години

Стефан Тасев, Славе Маркоски, Виктор Крстевски, Мартин Величковиќ, Бехар Фета, Зуфер Шаини, Методи Максимов, Димитар Тодоровски, Марио Илиевски, Октај Ракипи, Берат Калкан;

Иван Николоски, Филип Костовски, Константин Коцев, Фитон Адеми, Арда Окан Куртулан, Иван Николов, Дамјан Трајаноски, Хамза Рамани, Дарио Марковски, Спасе Терзиев, Бесард Џемаили;

МАКЕДОНИЈА до 21 година

Мeтодија Велковски, Марко Симуновиќ, Матеј Николов, Јован Манев, Али Рамин, Флорент Рамадани, Бесник Ферати, Јакуп Бериша, Емир Скендери, Зоран Ивановски, Давид Калапачки;

Александар Анѓелкоски, Иљази Ардит, Александар Ѓурковски, Кристијан Додевски, Георге Јанкулов, Бојан Димоски, Али Адем, Арби Воша, Марко Ѓорѓиевски, Муарем ШУхељ, Енсар Љума;

 
G-G32VEZ5NYJ