Прва Бразилка во Македонија: ЖФК Љуботен ја доведе Роналдиња

Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово објави трансфер бомба. Во клубот доаѓа Роналдиња, првата Бразилка која ќе игра во македонскиот женски фудбал. Таа игра на позицијата напаѓач и прекарот го добила поради сличности во играта со легендарниот Роналдињо. 

Роналдиња е поранешна членка на Васко Де Гама, а доаѓа од редовите на Вордерланд од Австрија. Таа треба да биде големо засилување за тимот од Тетово кој се наоѓа во средината на табелата, но најавува многу поголеми амбиции за вториот дел од сезоната. 


G-G32VEZ5NYJ